Линкови за пристапност

Предавање за сесловенските просветители Кирил и Методиј во Вашингтон


Предавање за сесловенските просветители Кирил и Методиј во Вашингтон
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:40 0:00

Целта на настанот во македонската амбасада во Вашингтон е во САД да се промовираат македонската култура, јазик и културно наследство

Предавање за сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј синоќа во македонската амбасада во Вашингтон одржа д-р Анета Ѓоргиевска Шајн, историчар на уметност, професорка на Универизитетот на Мериленд.

Целта на настанот како што велат организаторите од Форумот за демократска Македонија е пред се во САД да се промовираат македонската култура, јазик и културно наследство.

„Ме фрапира фактот што често пати се наоѓам во ситуации луѓето да не знаат од каде воопшто потекнува таа кирилица, кирилското писмо. Многу пати сум се обидувала тоа да го објаснам. Затоа сметав дека како член на Форумот за демократска Македонија дека е одличен повод, во овој ден кога се празнуваат Кирил и Методиј да организираме предавање во нивна чест и да ги информираме Американците малку повеќе за тоа која е таа азбука која што ја користат толку многу луѓе од словенскиот свет“, вели д-р Анета Ѓоргиевска Шајн.

Таа стави посебен акцент на значењето на сесловенските просветители за целиот балкански регион и за Русија.

„Кирил и Методиј имаат значење не само за Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора.. за местата каде што се користи кирилица, туку дури и за земји како Хрватска, Словечка и Чешка, а да не зборувам и за Русија“, вели таа.

Покрај претставниците на македонската амбасада и Македонци кои живеат во САД, предавањето го проследија и Американци, како и претставници на српската и хрватската амбасада и бугарската иселеничка заедница.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG