Линкови за пристапност

Почина Елизабет Тејлор


Почина Елизабет Тејлор
Почина Елизабет Тејлор

Во соопштението на нејзиното семејство се вели дека таа починала во мир, со нејзините деца покрај неа

Легендарната холивудска актерка Елизабет Тејлор почина на 79-годишна возраст.

Во соопштението на нејзиното семејство се вели дека таа починала во мир, со нејзините деца покрај неа.

Тејлор, позната по филмовите како „Национално кадифе“ што ја направи ѕвезда уште на 12 години и „Клеопатра“, страдаше од проблеми со срцето и изминативе шест недели беше сместена во болница во Лос Анѓелес.

Елизабет Тејлор беше наградена со Оскар за нејзината улога во „Кој се плаши од Вирџинија Вулф?“ и во „Батерфилд 8“. Подоцна таа стана портпаролка за хуманитарни цели, особено за истражувања поврзани со СИДА-та. Конкретно оваа улога беше причина за доделувањето на специјален Оскар во 1993-та година.

Тејлор понекогаш беше нарекувана најубава жена на светот. Како дополнение на глумата, оваа актерка во јавноста беше позната и по драмата во приватниот живот, вклучувајќи ги браковите со седум различни мажи. Таа два пати се омажи со актерот Ричард Буртон.

Тејлор e родена во Лондон. Нејзините родители биле Американци и се преселиле во Лос Анѓелес пред почетокот на Втората светска војна. Таа го привлече вниманието не само заради нејзината убавина и талент за глума.

Бурниот приватен живот и бројните бракови, како и пријателството на поп-ѕвездата Мајкл Џексон, придонесуваa за нејзина постојана присутност во медиумите.

Елизабет Тејлот имаше огромна страст за накит, а претстави и неколку сопствени парфеми.

XS
SM
MD
LG