Линкови за пристапност

Конгресни избори во САД - кој ќе го добие мнозинството?


Конгресни избори во САД - кој ќе го добие мнозинството?
Конгресни избори во САД - кој ќе го добие мнозинството?

Каква и да е` добивката на републиканците на овие избори, ќе стори да биде потешко претседателот да ги протурка иницијативите од својата политичка агенда низ Конгресот.

Конгресните избори имаат тежина и за Белата куќа затоа што евентуалната, а според стручњаците, сосема извесна промена на односот на силите во обата пратенички дома може да има директно влијание на политика што отсега - натаму ќе ја води претседателот Барак Обама.

Најновите анкети укажуваат дека Републиканската партија ќе освои нови 39 места потребни да добие мнозинство во Претставничкиот дом. Се очекува републиканците да освојат и неколку места во Сенатот, но не и да добијат контрола врз ова тело.

На гласање се сите 435 места во Претставничкиот дом и 37 од вкупно 100-те во Сенатот. Американците избираат и гувернери на 37 сојузни држави како и претставници на локалната власт, а воедно гласаат и за референдумски прашања.

Редица демократи-ветерани, меѓу нив и водачот на партиското мнозинство во Сенатот Хари Рид од Невада се соочуваат со моќни републикански противкандидати, кои имаат дополнителна поддршка од активистите на новото движење „Ти парти“ што заговара пониски даноци и кратење на владините трошоци.

Каква и да е` добивката на републиканците на овие избори, ќе стори да биде потешко претседателот да ги протурка иницијативите од својата политичка агенда низ Конгресот.

Обама синоќа се врати во Белата куќа по кусата кампања низ сојузните држави каде се водат битки пресудни за конечниот резултат на овие конгресни избори. На собири и изјави за медиумите, тој се обиде да го поттикне демократското гласачко тело да излезе во што поголем број.

Но, главно проблематично прашање за демократите на овие избори останува економската ситуација. На собир во Охајо неделата, Обама ја префрли вината за економското забавување и високата стапка на невработеност на грешките на претходната влада на републиканецот Џорџ В. Буш. Републиканците, пак возвраќаат дека Обама е тој кој не го испорача она што го вети пред да биде избран за претседател.

Крајниот збор ќе го имаат гласачите денеска.

XS
SM
MD
LG