Линкови за пристапност

Евакуација на странци од Египет


Евакуација на странци од Египет
Евакуација на странци од Египет

Меѓу другите земји кои испратија авиони за своите државјани се и Азербејџан, Индија, Ирак, Јапонија и Турција

Растечки број земји испраќаат авиони за евакуација на свои државјани поради немирите во Египет. Во исто време, државници од целиот свет го повикуваат претседателот Хосни Мубарак да најде мирно решение за протестите што траат веќе една недела.

Американската помошник-државна секретарка за конзуларни прашања Џенис Џекобс најави дека првиот специјален владин лет за американски државјани од Каиро е закажан за денес.

Претходно, американскиот претседател Барак Обама повика на мирна транзиција кон поодговорна влада во Египет, а европските лидери побараа слободни и чесни избори во најнаселената арапска држава со над 80 милиони жители.

Кинеската државна телевизија соопшти дека над 500 кинески државјани со специјален лет треба да заминат од Каиро. Кинеското Министерство за надворешни работи изрази надеж дека во Египет наскоро ќе се врати нормалната ситуација и стабилноста.

Меѓу другите земји кои испратија авиони за своите државјани се и Азербејџан, Индија, Ирак, Јапонија и Турција.

XS
SM
MD
LG