Линкови за пристапност

ММФ: Светската економија ќе покаже поголем растеж од очекуваното


ММФ: Светската економија ќе покаже поголем растеж од очекуваното
ММФ: Светската економија ќе покаже поголем растеж од очекуваното

Експерти од ММФ велат дека обновата ќе ја предводи Кина со 10-процентен растеж

Според меѓународниот монетарен фонд, глобалната економија треба да забележи поголем од очекуваниот растеж, со 4,2 проценти годинава, откако се опорави од тешката рецесија.

Експерти од ММФ велат дека обновата ќе ја предводи Кина со 10-процентен растеж. САД многу побавно ќе напредуваат, 3,1 проценти, но многу побрзо од Европа, која се очекува да има растеж од само еден процент.

Глобалниот кредитор ги окарактеризира како корисни владините мерки за стимулирање на економијата, но предупреди дека зголемените владините буџетски дефицити ќе го погодат растежот во иднина. Во извештајот авторите посочуваат дека стимулативните напори годинава веројатно ќе продолжат, но многу земји ќе мора да ги скратат трошоците следната година.

ММФ препорачува, со цел да задржи глобалниот растеж, земјите со голем трговски дефицит, како САД, да ја намалат побарувачката, додека земјите како Кина, кои се најголеми извозници, да ја стимулираат домашната побарувачка.

Меѓународната финансиска институција повика на подобра регулатива во финансискиот сектор, вклучувајќи го и барањето до банките да ги одржат големите резерви со цел да ги покријат неуспешните инвестиции.

XS
SM
MD
LG