Линкови за пристапност

Централната банка на САД со нови стимулативни мерки


Каматните стапки остануваат ниски во наредните две години
Каматните стапки остануваат ниски во наредните две години

Федералните резерви велат дека би купиле 40 милијарди долари вредни обврзници месечно за поттикнување на економијата.

Барем до крајот на годината, Централната банка вели дека сака да продолжи со реинвестирање на своите приходи, што заедно со купувањето 40 милијарди месечно хартии од вредност поддржани од пазарот за недвижнини ќе ги зајакне резервите за 85 милијарди долари месечно.

Како дополнение на тоа каматните стапки ќе останат на речиси нула процент за догледно време.

Бернанке минатиот месец го означи бавното темпо на заздравување на пазарот на трудот како сигнал за „голема загриженост“, сега се додава дека ако пазарот за труд не се подобри , ќе се користат и други средства за поттик на развојот.

Федералните власти веќе купија државни обврзници во вредност од два трилиони долари од светската финансиска криза во 2008-ма наваму, но економскиот растеж на државата и натаму останува забавен.

Републиканскиот предизвикувач Мит Ромни рече дека претседателот Барак Обама не успеал да ја заживее американската политика и оти нема да му го продолжи мандатот на Бернанке кога му истекува на почетокот од 2014-та. Обама го потенцира 30 месечниот растеж на работни места во САД и оти Ромни ќе се врати на политиките кои водеа до најголемо економско забавување на нацијата уште од периодот на Големата депресија во 1930-те.
XS
SM
MD
LG