Линкови за пристапност

Дали економијата во САД фаќа замав?


Дали економијата во САД фаќа замав?

192.000 нови работни места и благ пад на невработеноста во февруари

Американската економија доби 192.000 нови работни места во февруари, а забележан е и благ пад на нивото на невработеност.

Според редовниот петочен извештај на владиниот Оддел за труд, невработеноста опаднала за една десетина од процентот и во моментов изнесува 8,9 проценти. Ова е најниско ниво од почетокот на 2009-та наваму.

Најмногу вработувања се регистрирани во приватниот сектор.

Остин Гулсби, раководителот на Економскиот совет на претседателот Обама ги поздрави најновите податоци, но подвлече дека допрва треба да надоместат милионите работни места загубени за време на рецесијата.

Најновите владини податоци покажуваат дека 13,7 милиони Американци и натаму се без работа, вклучувајќи 30.000 места неодамна изгубени на државно и локално владино ниво заради проблемите со буџетскиот дефицит.

Загубата на работни места го поттикна лидерот на најголемата група синдикати во САД ги побара властите да прекинат со елиминирање на работни места а да започнат со инвестиции што ќе создаваат работа. Водачот на АФЛ-ЦИО Ричард Трумка кажа и дека отпуштањата може да го поткопаат економскиот опоравок.

XS
SM
MD
LG