Линкови за пристапност

Пад на стапката на невработеност во САД


Пад на стапката на невработеност во САД
Пад на стапката на невработеност во САД

Извештајот на Одделот е најнов во серијата податоци што покажуваат дека погодената американска економија се опоравува од најлошата рецесија со децении, но со бавно темпо

Стапката на невработеност во декември забележала значителен пад на ниво од 9,4%. Со падот од 0,4% таа сега се наоѓа на најниско ниво во последните година и половина.

Во денес објавениот извештај на владиниот Оддел за труд се наведува дека американската економија добила 103.000 работни места минатиот месец, што е повеќе од месечниот просек за 2010-та, но помалку отколку што предвидуваа повеќето стручњаци. Па сепак, владините креатори на политиката ќе ги поздрават овие резултати, со оглед на губитокот на осум милиони работни места за време на економската криза.

Намалувањето на стапката на невработеност се должи на фактот што дел од луѓето нашле работа, но и на тоа што некои толку се обесхрабриле што прекинале да бараат работа. Американските власти не ги бројат луѓето како невработени освен доколку активно не бараат работа.

Извештајот на Одделот е најнов во серијата податоци што покажуваат дека погодената американска економија се опоравува од најлошата рецесија со децении, но со бавно темпо.

XS
SM
MD
LG