Линкови за пристапност

Благ пад на барањата за социјална помош поради невработеност


Американскиот Оддел за труд во најновиот извештај за економската ситуација во земјата проценува дека 457.000 луѓе минатата недела побарале помош, што е за 19.000 помалку од претходната.

Бројот на Американци кои се пријавуваат за социјална помош поради невработеност забележал благ пад, но и натаму е на високо ниво, со оглед на слабата понуда на работни места.

Американскиот Оддел за труд во најновиот извештај за економската ситуација во земјата проценува дека 457.000 луѓе минатата недела побарале помош, што е за 19.000 помалку од претходната. Бројката е подобра од предвидувањето на аналитичарите, но ја илустрира лошата ситуација на трудовиот пазар каде невработеноста и натаму изнесува речиси 10 проценти.

Во средата, Американската централна банка соопшти дека пазарот на работна сила „постепено се подобрува“ но напомена дека работодавците и натаму се двоумат дали да отворат нови работни места.

XS
SM
MD
LG