Линкови за пристапност

Економијата во САД тешко се опоравува


Економијата во САД тешко се опоравува
Економијата во САД тешко се опоравува

Нови извештаи покажуваат послаб растеж во креацијата на работни места и во производството

Економското опоравување во САД се соочува со проблеми, покажуваат нови извештаи каде е видливо забавување на креирање на нови работни места и потешкотии во развојот на производствениот сектор.

Според компанијата за процесирање на плати Еј-Ди-Пи, приватните компании отвориле само 38.000 работни места во мај. Од компанијата додаваат дека помал број работни места се креирани во април од претходните очекувања.

Според одделно истражување на компанија за посредување во барање работни места, американските работодавци соопштиле преку 37.000 отпушатања од работа во мај, повеќе од претходните месеци.

Како што вели истражувањето на работата на производствениот сектор, забавување е забележано и во оваа област. Секторот се развива бавно веќе преку една година.

XS
SM
MD
LG