Големите студови во САД се чини не влијаат на расположението во американските продавници, каде е – жешко.
Годинава се троши повеќе од лани. Според најновите податоци на американската влада, од ноември наваму, според компанијата Мастеркард, која го следи трендот на купопродажба, продажбата на конфекција е зголемена за десет отсто, а нарачките преку Интернет за тринаесет. Има и зголемена побарувачка на накит.
Купувачите велат дека ова се должи на чувството дека американската економија се подобрува.
„Според мене, работите полека се враќаат во нормала. И натаму има проблеми, но сметам дека сме на добар пат“, вели еден купувач.
Но, милиони невработени Американци, не почувствувале промени на подобро. И натаму некои добиваат откази преку ноќ. Сепак, иако тврдоглавите 9,8 % невработеност во САД и натаму претставува голем проблем, во трговскиот центар „Пентагон“, на пример, директорот за маркетинг Тод Џершид, вели дека купувачите трошат повеќе и продажбата се зголемена со најбрзо темпо во последниве четири години.
„И натаму има неразрешени прашања кога станува збор за економијата, но се` на се`, сведоци сме на промени во однесувањето на потрошувачите. Луѓето трошат повеќе за празничната сезона споредено со минатата година, тие се чувствуваат покомотно“, вели тој.
Џершид додава дека се` уште е рано да се каже дали зголемената продажба ќе се преведе во поголем број нови работни места наредната година, но сепак останува оптимист.