Двајца Американци, Питер Дајмонд и Дајл Мортенсен и еден Британец со кипарско потекло, Кристофер Писаридес се добитници на Нобеловата награда за економија за 2010 година, за објаснувањето за тоа како правилата и политиката влијаат врз невработеноста и платите.
Во соопштението на Кралската академија на науки во Шведска се вели дека моделот на овие економисти им помогнал на експертите да разберат како регулативите и економската политика влијаат врз невработеноста, слободните работни места и примањата.
Питер Дајмонд е експерт за социјално осигурување, данок и пензии, кого американскиот претседател, Барак Обама го номинираше за член на Федералните резерви, кандидатура која допрва треба да мине во Сенатот.
71-годишниот Мортенсен е професор по економија на Универзитетот Нортвестерн во Еванстон, во Илиноис. Писаридес предава во Лондонската школа за економија.
Паричната награда е 1,5 милиони долари.