Линкови за пристапност

Зајакнат американскиот пазар на работна сила


Oфицијалниот владин извештај за ситуацијата со вработеноста треба да биде објавен в петок.

Две испитувања на јавното мислење покажуваат дека според економистите, по најтешката рецесија неколку децении наназад, американскиот пазар на работна сила зајакнува.

Зајакнат американскиот пазар на работна сила
Зајакнат американскиот пазар на работна сила

Анкетите спроведени од Ројтерс и новинските агенции Блумберг, покажуваат дека американската економија само во мај, најверојатно креирала околу 500.000 работни места.

Тоа е многу повеќе од претходниот месец и огромна промена од најтешкиот период од рецесијата, кога месечно во САД се губеа преку 700.000 работни места.

Oфицијалниот владин извештај за ситуацијата со вработеноста треба да биде објавен в петок.

Според анкетата на агенциите Блумберг, официјалната стапка на невработеност ќе падне за една десетина од процентот и ќе изнесува 9,8 проценти.

XS
SM
MD
LG