Стапката на невработеност во САД е намалена за две десетини од процентот и во моментов таа изнесува 9,6 проценти. Во мај биле отворени дополнителни 431.000 работни места.
Ова е најголем подем на бројот на работни места со години, но во извештајот на Одделот за труд објавен во петокот се наведува дека повеќето од овие работни места се привремени и биле за луѓе кои го вршеле неодамнешниот попис во земјата.
Приватниот сектор, `рбетот на американската економија, отвори само 41.000 нови места, многу помалку од претходниот месец.
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека сепак ова е знак дека економијата се зајакнува. Тој подвлече дека ова е петти последователен месец како се отвараат нови работни места.