Линкови за пристапност

Нови несогласувања околу економијата во САД


Дебатата се случува во време кога најнова анкета покажува дека 52 процента од преку 1.000 испитаници не ја одобруваат економската политика на претседателот Обама.

Белата куќа и влијателен републикански законодавец со нови несогласувања околу начинот на кој се води економијата. Ова се случува нешто повеќе од два месеца пред конгресните избори во САД.

Главниот републиканец во Претставничкиот дом Џон Бонер од сојузната држава Охајо во вторникот го повика целиот економски тим на претседателот Барак Обама да поднесе оставка. Бонер ја критикуваше администрацијата за, како што го опиша, прекумерното трошење.

Американскиот потпретседател Џо Бајден одговори обвинувајќи го Бонер за поддршка на токму онаа економска политика што ја поттикнала финансиската криза.

Дебатата се случува во време кога најнова анкета покажува дека 52 процента од преку 1.000 испитаници не ја одобруваат економската политика на претседателот Обама. Според анкетата на Ројтерс и истражувачката компанија Ипсос, 72 процента од испитаниците се мошне загрижени заради нивото на невработеност во САД.

XS
SM
MD
LG