Американската економија забележа голем раст во последните три месеци од 2009, но нивите податоци покажуваат дека растежот во моментов се одвива побавно од предвидувањата.
Во извештајот на Одделот за трговија објавен во петокот, се вели дека бруто домашниот производ пораснал на 5,6 проценти за месец октомври, ноември и декември минатата година.
Ова е за три десетини од процентот побавно од првичните проценки, но сепак, најбрзо темпо во изминативе околу шест години.
Најновите истражувања покажуваат дека има намалено темпо на инвестирање и ниво на потрошувачка.
Економисти, во интервјуа за новински организации, рекоа дека економскиот растеж на САД најверојатно забавил во првите неколку месеци од 2010 година.