Жителите на Порто Рико и Британските Девствени Острови искусија поројни дождови и силни ветришта додека моќниот ураган Ерл го погоди северниот дел на островите.
Властите предупредија дека невремето може да предизвика поплави и лизгање на земјиштето во регионот. Националниот центар за урагани со седиште во Мајами, соопшти дека е регистрирана јачина на ветриштата од 215 километри на час.
Метеролозите предвидуваат дека невремето ќе продолжи да се чувствува на источнот дел на Карипските Острови и подоцна неделава можно е да претставува закана за источниот дел на САД.