Линкови за пристапност

Ураганот Ерл се очекува на брагот на Северна Каролина


Според последните извештаи, Ерл е ураган од категоријата три со јачина на ветерот од 205 километри на час.

Метеролозите во САД препорачаа мерка на претпазливост за поголемиот дел од крајбрежјето на сојузната држава Северна Каролина, поради наближувањето на ураганот Ерл.

Центарот за урагани предупреди дека доколку актуелните проценки се точни, Ерл може да предизвика огромни бранови што би му наштетиле на американското крајбрежје. Ова се случува токму воочи Денот на трудот што во САД се одбележува наредниот понеделник и се карактеризира со продолжен викенд и одмор најчесто на плажите.

Метеролозите сепак истакнаа дека центарот на Ерл ќе остане во водите на Атланскиот Океан, но предупредија дека какви било промени од предвидената патека на ураганот, може да донесат евакуации на населението.

Експертите го предупредија и населението на северна Вирџинија и Њу Ингланд да го следат движењето на невремето.

Според последните извештаи, Ерл е ураган од категоријата три со јачина на ветерот од 205 километри на час.

XS
SM
MD
LG