Линкови за пристапност

Боб Дилан за прв пат на концерт во Виетнам


Боб Дилан за прв пат на концерт во Виетнам
Боб Дилан за прв пат на концерт во Виетнам

Песните на легендарниот американски пејач го инспирираа анти-виетнамското движење во САД

Боб Дилан е фолк пејач чии нумери го поттикнаа движењето во САД против Виетнамската војна. Тој во недела својот следен концерт ќе го оддржи за прв пат токму во Виетнам. Дилан своите најпознати песни ги напишал во `60-те години, во времето кога американската воена ангажираност во Виетнам започна да ескалира. Двајца виетнамски музичари велат дека концертот на Дилан на 10-ти април во Хо Ши Мин, што ќе уследи по настапите во Кина, главно ќе привлече постара публика.

„Неговата музика е многу, многу длабока и секако потребно е време за човек да почне да ужива во неа. Мислам дека на публиката и` треба време, но ова е одлична прилика за да се запознаат со неверојатното творештво на овој музичар“, вели Тран Мен Туан композитор и саксофонист.

Ли Кванг свири тапани и е сопственик на музички клуб во Хо Ши Мин.

„Ова нема да биде шоу за млади, туку за над 30-годишни луѓе. Ако има млади тие ќе дојдат од љубопитност, но не мислам дека се обожаватели на неговата музика“, вели тој.

Како што е случај и со другите концерти, виетнамските власти од Дилан побараа да ги достави текстовите на сите нумери што планира да ги изведе, за да се изврши ревизија.

Концертот на Боб Дилан следи по одбележувањето на 10-годишнината од смртта на Трин Конг Сон, фолк пејач, кој исто така бил против војната во Виетнам. На меѓународната сцена тој бил познат како „Боб Дилан за Виетнам.“

Во средата, Дилан за прв пат настапи во соседна Кина. Планираната турнеја минатата година беше откажана, но владата годинава му даде дозвола за концерт, доколку се задржи на одобрената програма.

XS
SM
MD
LG