Американецот Роберт Дадли е новиот директор на нафтениот гигант Бритиш петролиум. Роберт Хејвoрд очекувано беше повлечен од функцијата.
Дадли ќе биде првиот Американец на чело на оваа компанија. Тој во моментов е член на бордот-директори и беше одговорен за секојдневните операции на БП во САД по потонувањето на платформата во Мексиканскиот Залив, што резултираше со најкатастрофалното нафтено излевање во американската историја.
Роберт Дадли е родум од Мисисипи. Во рамки на кариерата досега бил на чело на „Ти-Ен-Кеј-БП“, третата најголема нафтена компанија во Русија.
Пред да стане дел од БП, Дадли бил одговорен за надзор на активностите на компанијата во Русија, Каспискиот регион, Ангола, Алжир и Египет.
Дадли бил задолжен за надзор на операциите на Амоко во Русија пред компанијата да се спои со Бритиш петролеум.