Линкови за пристапност

Во Мексико запленети преку 100 тони марихуана


Во Мексико запленети преку 100 тони марихуана
Во Мексико запленети преку 100 тони марихуана

30.000 лица се убиени во војната против дрогата во Мексико откако претседателот Филипе Калдерон ја презеде функцијата кон крајот на 2006-та година и започна да се справува со картелите.

Мексиканските безбедносни сили одзедоа 105 тони марихуана на пограничниот град Тихуана, најголема акција против дрога во оваа земја во последниве неколку години.

Властите соопштија дека дрогата била одземена во понеделникот за време на серија рации на припадници на армијата и полицијата во три делови од градот, при што биле уапсени 11 лица. Армискиот генерал Алфонсо Дуарте истакна дека вредноста на марихуаната, според уличните цени, изнесува преку 340 милиони долари.

Дуарте рече дека марихуаната била завиткана во 10.000 кутии со најразлични ознаки. Тој додаде дека дрогата била подготвувана за праќање и дистрибуција во САД.

Мексиканската армија е вклучена во брутална пресметка со картелите за дрога во земјата. Речиси 30.000 лица се убиени во војната против дрогата во Мексико откако претседателот Филипе Калдерон ја презеде функцијата кон крајот на 2006-та година и започна да се справува со картелите.

XS
SM
MD
LG