Линкови за пристапност

Астронаутите од Дискавери на вселенска прошетка


Астронаутите од Дискавери на вселенска прошетка
Астронаутите од Дискавери на вселенска прошетка

Ова е 39-та и последна мисија на спејс-шатл леталото

Астронаутите Стив Бовен и Алвин Дру од спејс-шатлот Дискавери, што се наоѓа на Меѓународната вселенска станица, денес имаат задача да поправат пумпа и да го проверат надворешниот складиштен простор на Станицата.

Во претходната, шестиполчасовна вселенска прошетка понеделникот, тие извршија подготовка за вторничкото инсталирање на надворешен модул на Станицата што ќе служи како место за складирање.

Модулот е именуван Леонардо, по славниот уметник Леонардо да Винчи. Со него Станицата доби дополнителни 70 кубни метри карго-простор, како и нова локација за експерименти.

Ова е 39-та и последна мисија на Дискавери, што за првпат беше лансиран во 1984-та година. САД годинава планираат да стават крај на 30-годишната програма на шатл-летови. Двете преостанати летала, Ендевор и Атлантис, ќе имаат по уште една мисија пред да заминат во пензија.

XS
SM
MD
LG