Двајца астронаути на Меѓународната вселенска станица ја комплетираа првата од трите планирани вселенски прошетки на актуелната мисија на американското летало Дискавери.
Клејтон Андерсон и Рик Мастрачио ја изведоа шестиполчасовната прошетка во петокот. Нивната задача беше да го отстранат стариот резервоар за амонијак и да го заменат со нов. Тие извршиле поправки од надворешната страна на станицата и ја замениле направата за позиционирање на станицата.
Дискавери се спои со Меѓународната вселенска станица во средата. Со себе носеше намирници и делови тешки речиси 8.000 килограми, вклучувајќи и серија нови научни експерименти. Некои од експериментите се фокусираа на студиите за тоа како орбитирањето во вселената може да влијае на човечкото тело и растењето на растенијата.
НАСА има планирано уште три мисии на вселенски летала, пред да ги стави леталата во мирување подоцна годинава.