Линкови за пристапност

Генетска терапија против депресијата


Генетска терапија против депресијата
Генетска терапија против депресијата

Научниците се надеваат дека наскоро ќе отпочнат експерименти со генетска терапија врз пациенти со тешка депресија чија состојба не се подобрува со лекови против депресијата.

Научниците идентификувале протеин „П-11“ во мал дел од мозокот што има улога во тешките случаи на депресија. Делот од мозокот познат како „нуклеус акумбенс“ е одговорен за чувство на задоволство и награда.

Научникот Мајкл Каплит од одделот за неврологија при Медицинскиот центар Пресвитеријан/Веил Корнел во Њујорк, вели дека глувците во чии мозоци не е пронајден протеинот „П-11“ покажале знаци на тешка депресија, вклучувајќи и пасивност.

Каплит додава дека по аутопсијата на ткиво од човечки мозок со тешка депресија, било регистрирано мошне ниско ниво на „П-11“, споредено со мозоците на поединци без знаци на депресија.

„Ако луѓето имаат ниско ниво на протеинот во овој дел на мозокот, доколку се болни од депресија и доколку животни со ниско ниво на „П-11“ во истиот дел од мозокот имаат симптоми на депресија, тогаш ова може да биде составен дел на депресијата.Иако не е единствениот, ова е мошне важен дел“, вели Каплит.

Користејќи глушец без никакво присуство на „П-11“, Каплит вели дека научниците вбризгале нормална копија на протеинот во безопасен вирус и ја внеле во мозокот на депримирани глувци.

„Откако тоа го сторивме кај возрасните глувци, комплетно го нормализираше нивното однесување. Со намалување на депримираното однесување, тие се вратени во нормала. Тоа значи дека ако имате ниско ниво на „П-11“ во тој дел на мозокот и ако токму тоа е причината за појава на депресија, тогаш можеме потенцијално да ја вратиме состојбата со генетска терапија“, вели овој научник.

Каплит и неговите колеги вршат испитувања поврзани со пациенти со Паркинсонова болест.

Научниците се надеваат дека наскоро ќе отпочнат експерименти со генетска терапија врз пациенти со тешка депресија чија состојба не се подобрува со лекови против депресијата.

XS
SM
MD
LG