Поранешната кошаркарска ѕвезда Денис Родман кој неодамна ја посети Северна Кореја, рече дека лидерот на оваа земја Ким Јонг Ун е подготвен да започне дијалог со американскиот претседател Барак Обама.
„Тој очекува телефонски повик од претседателот Обама “, рече Родман за програмата „Оваа недела“ на Еј-Би-Си, при што откри дека младиот лидер сака кошарка, како и Обама, по што Родман сугерирал дека обајцата треба да почнат создавање пријателски врски преку заеднички теми врзани за спортот.
Поранешната ѕвезда од НБА, познат по своите провокативни изјави во јавноста, бил во комунистичката држава поради снимање на документарец. Тој рече дека не се согласува со се` што прави Ким Јонг Ун, но го почитува како личност и го смета за пријател.
Стејт департментот обелодени дека посетата од Родман била приватна. Официјални американски лица ја критикуваат Северна Кореја дека го угостила Родман со највисоки почести во време кога гладува народот во оваа земја.
Односите меѓу САД и Северна Кореја се влошени по тестирањето на проектил во декември, но и третиот нуклеарен тест од Пјонгјанг, минатиот месец.