Линкови за пристапност

Писмо до Тилерсон да ја посети Македонија


Писмо до Тилерсон да ја посети Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

Македонската делегација во Конгресот, ќе бара од државниот американски секретар поголема ангажираност за Македонија

Демократскиот конгресмен Бил Паскрел од Њу Џерси, вели дека се надева оти Македонија наскоро ќе ја види како дел од НАТО Алијансата.

Ова беше неговата порака, на вчерашаната четврта Конференција за македонско-американски односи во Конгресот, нагласувајќи дека не очекува промени во надворешната политика на САД кон Македонија.

Се надевам дека нема да има промени, бидејќи САД секогаш имале добри односи со македонската заедница. Македонија секогаш ни помагала нам, преку испраќање на трупи во нашите војни. Ние сме добар партнер со неа, и мора да го почитуваме нејзиниот суверенитет“, рече Паскрел.

Според него, Русија мора да престане со ширење на пропаганда во Македонија, обидувајќи се да ја заживее идејата за старите режими.

„Ако Путин продолжи да се меша во другите држави, неговиот режим ќе заврши. Гарантирано.“, вели Паскрел

Дејв Трот, претседател на конгресната група Пријатели на Македонија, при средбата со македонската делегација во Конгресот, рече:

„Работам кон истакнување на прашањата кои влијаат врз македонско-американската заедница, и на значајната улога што Македонија и македонската дијаспора ја имаат во зајакнување на американските интереси“, изјави Трот.

Македонската делегација ги отвори темите за иднината на односите Макеоднија – САД, и предвизиците со кои се соочува Македонија во моментов

Еве што вели претседателот на Обединетата македонска дијаспора Мето Колоски.

„Идејата на оваа конференција е да се продлабочи врската меѓу Македонија и САД. Овие денови ќе се сретнеме со десетици конгресмени и сенатори, а подготвуваме и писмо до државниот американски секретар Рекс Тилерсон, со цел да го повикаме да ја посети Македонија. Очекуваме да добиеме поддршка од триесетина конгресмени, пред да го испратиме“, рече Колоски.

За Вангел Цветковски, кој за Конференцијата дошол од Австралија, средбите во Конгресот се можност одблизу да се запознае со американската политика кон Македонија.

„Дојдов на Конференцијата, оти сакам да видам каква е соработката меѓу македонската дијаспора и Конгресот, и каква политика подготвува САД кон Македонија“, рече Цветковски.

Денес продолжуваат средбите со сенатори и конгресмени, а закажан е и брифинг во Стејт департментот за идните македонско-американски односи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG