Линкови за пристапност

Ниско ниво на витамин „Д“ во организмот – намалена когнитивна способност


Ниско ниво на витамин „Д“ во организмот – намалена когнитивна способност
Ниско ниво на витамин „Д“ во организмот – намалена когнитивна способност

Научниците сметаат дека витаминот може да го намали процесот на намалување на менталната способност преку формирање на нервно ткиво неопходно за бројни мозочни функции.

Ниско ниво на витаминот „Д“ е поврзано со скршеници на коски, болка и хронични болести како рак, срцеви заболувања, дијабетес и мултиплекс склероза.

Научниците откриле поврзаност меѓу недостатокот на таканаречениот „сончев витамин“ и намалувањето на когнитивната способност кај постарите. Една од најчестите причини на недостаток на витаминот „Д“ е недоволна изложеност на сончева светлина, што е посебно изразено кај лица во поодминати години кои помалку време минуваат надвор.

Од тестирањата направени врз преку 850 Италијанци на 65-годишна возраст и постари, научниците од Медицинската школа Пенинсула од Англија откриле дека лицата со најниско ниво на витамин „Д“ се со 60 проценти поголем ризик да страдаат од намалување на когнитивната способност. Научникот Дејвид Левелин, специјалист на деменција објаснува: „Околу една милијарда луѓе во светот немаат доволно витамин „Д“. Деменцијата исто така е состојба што често ја има, така што ако постои каква било поврзаност меѓу овие две појави, тогаш тоа е нешто за кое треба да бидеме загрижени“.

Тој додава дека откритието за цврста поврзаност меѓу деменција и недостатокот на витамин „Д“, е на некој начин добра вест, бидејќи како што вели, недостатокот на витаминот може да се третира мошне лесно со земање на дополнителна количина од него преку таблета, што веќе е покажано како ефтин, но ефикасен и безбеден начин за справување со проблемот.

Научниците сметаат дека витаминот може да го намали процесот на намалување на менталната способност преку формирање на нервно ткиво неопходно за бројни мозочни функции, вклучувајќи ја и зголемената когнитивна способност.

Студијата за поврзаноста на ниското ниво на витаминот „Д“ и менталната способност е објавена во овонеделното издание на журналот Архиви на интерна медицина.

XS
SM
MD
LG