Линкови за пристапност

Иднината на Кипар зависи од претседателските избори на северот


Оваа мала енклава егзистира од 1983-та, но не е призната од ОН, и нерадо е призната од Турција.

Народот на Турската република Северен Кипар се очекува да излезе масовно на гласањето на изборите неделава на кои ќе се одлучи меѓу актуелниот претседател кој се залага за решение и кандидат кој сака поблиски односи со Турција.

Оваа мала енклава егзистира од 1983-та, но не е призната од ОН, и нерадо е призната од Турција.

Родена е по крвавата поделба на Кипар во 1974-та, кога Турција изврши инвазија на северниот дел на oстровот, како одговор на воениот удар поддржан од грчката влада.

Има демократски избран Парламентот, вее сопствено знаме, и издава свои пасоши.

Но, опстојувањето во голема мерка зависи од Турција и сега Анкара има големи причини да жали за декларирањето на независноста. Кипар стана камен на сопнување на патот на турските амбиции за ЕУ.

Турската окупација на територијата, која беше поддржана од 35.000 војници, е голема пречка за почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

Немајќи политичко признавање на Северен Кипар значи тешкотии во преговорите за заеми и поддшка од меѓународните донатори.

Основачот на Северен Кипар, Рауф Денкташ кажа дека областа мора да остане независна држава.Тој цврсто верува дека успехот во актуелните преговори ќе ја уништи државата и тоа ќе значи колапс на енклавата на кипарските Турци.

„Ги доведов моите сограѓани од колонијална заедница до државна заедница и ако не може да ја зачуваат и се откажат, се надевам дека ќе се сетат на направената глупост – дека некогаш сме биле независна држава“, вели тој.

Денкташ се смета дека е причина за многу неуспешни обиди да се реши статусот на областа.

Поранешниот лидер на кипарските Грци Јоргос Василиу го објаснува начинот како се водени преговорите во интервју за Гласот на Америка во 2005-та:

„Денкташ никогаш не сакаше решение. Тој секогаш се залагаше за поделба на островот. Кога бев претседател меѓу 1988 и 1993-та, минав многучасови во преговарање со Денкташ. Начинот на кој тој зборува, неговиот пристап – е навистина тежок да го разбере една рационална личност, затоа што повторува дека се залага за независност и за одделна држава и не му многу грижа што мисли светот“

Иако Денкташ е надвор од политичкиот радар веќе пет години, неговото политичко наследство е евидентно повеќе од кога било. Северен Кипар е одбележан како турска територија во секој учебник по историја, атлас.

Граничната линија за прв пат беше отворена во 2003-та, откако беа олеснети граничните рестрикции, кои уследија по обидот за преговарачко решение во 2004-та. Ова доживеа неуспех, кога кипарските Турци гласаа за планот на ОН, кој, пак, беше отфрлен од кипарските Грци.

Во април, 2005-та, Мехмет Али Талат од центристичката Републиканска турска партија освои победа на претседателските избори со ветување дека ќе настапи нова политичка клима во Северен Кипар. Но, и покрај сите напори, иако уследи затоплување на односите со кипарските Грци, мировните разговори не донесоа ништо конкретно.

Засега разговорите се во мирување во време кога Талат се подготвува да се соочи со тврдолинијашот Дервиш Ероглу.

Популацијата е понаклонета кон Ероглу, кој ужива масовна поддршка.

Нема сомнежи дека ако победи Ероглу, тоа ќе значи тежок удар за актуелните мировни преговори во ОН, но и остварување на сонот на Денкташ за постојано поделен остров.

XS
SM
MD
LG