Линкови за пристапност

Пентагон изготвува кибернетска стратегија


Пентагон изготвува кибернетска стратегија
Пентагон изготвува кибернетска стратегија

Документот ќе понуди насока за постапување во случај САД да бидат цел на кибернетски напад

Пред две недели Белата куќа објави Меѓународна стратегија за заштита на кибернетскиот простор, со која САД кажуваат дека „со сите расположиви средства“, ќе ги бранат своите витални кибернетски вредности. Според стратегијата САД „ќе одговорат на непријателските активности во кибернетскиот простор, како што би сториле за каква било друга закана“, вклучувајќи го посебно резервираното право за одговор со воена акција.

Портпаролот на Пентагон, полковникот Дејвид Лапан го повтори ставот.

„Одговор на кибернетски инцидент или напад врз САД, не мора да значи дека ќе биде идентичен одговор. Доколку бидеме нападнати по кибернетски пат, на маса ќе бидат ставени сите соодветни опции“, изјави Лапан.

Стратегијата на Белата куќа не е изненадување, туку кулминација на долгогодишниот напор за официјално идентификување на компјутерските мрежи како витален национален интерес, кои доколку бидат нападнати по електронски пат може да резултира во одмазднички напад.

Во моментов Пентагон работи на документ во кој ќе ја изложи својата улога во имплементирање на стратегијата на Белата куќа.

Ваквите документи служат за обезбедување насока за воените активности, особено за командната структура и одбранбените агенциите, за тие да изработат свои специфични планови, и да бараат финансирање и авторизација за развој на специфични способности.

Експертите додаваат дека документот на Пентагон ќе содржи различни способности креирани за да ја подготват американската армија да одговори на сериозни и помали кибернетски напади, користејќи воени и електронски средства. Со тоа, американскиот претседател пред себе би имал најразлични опции во случај да треба да одлучи како да одговори на кибернетски напад.

XS
SM
MD
LG