Новата глобална кибернетска стратегија на САД има за цел да оствари отворен, безбеден и квалитетен Интернет. Иако не се задржува на специфики, стратегијата изложена на 25 страници наведува приоритети како градење на капацитетот на Интернет, подобрување на управувањето со мрежата, промовирање на армиска соработка против кибернетски напади, како и заштита на фундаменталните слободи и правото на приватност.