Линкови за пристапност

Словенечкиот парламент ратификуваше арбитражен договор за границата со Хрватска


Словенечкиот парламент ратификуваше арбитражен договор за границата со Хрватска
Словенечкиот парламент ратификуваше арбитражен договор за границата со Хрватска

Словенија бара директен пристап до меѓународните води. Тоа барање ја принудува Хрватска да отстапи дел од поморската територија за која тврди дека и` припаѓа

Словенечкиот парламент го ратификуваше договорот со Хрватска за решение на неколкудеценискиот пограничен спор преку меѓународна арбитража.

Словенечката влада обезбеди усвојување на граничниот арбитражен договор откако опозиционите пратеници го бојкотираа гласањето. За договорот конечен збор ќе дадат словенечките гласачи на референдум што се очекува во јуни.

Со договорот треба да се реши проблемот за територијата во северниот дел на Јадранското море, познат како Пирански залив, што започна кога двата соседа стекнаа независност по распадот на поранешна Југославија во 1991-ва.

Словенија бара директен пристап до меѓународните води. Тоа барање ја принудува Хрватска да отстапи дел од поморската територија за која тврди дека и` припаѓа.

Словенија, која е членка на ЕУ од 2004-та, го блокираше обидот на Хрватска за понатамошни преговори за членство во Унијата се` додека не се постигне договор.

XS
SM
MD
LG