Линкови за пристапност

Бајден се заблагодари на Хрватска за учеството во Авганистан


Бајден се заблагодари на Хрватска за учеството во Авганистан
Бајден се заблагодари на Хрватска за учеството во Авганистан

Бајден ја поздравил соработката на Хрватска со Судот за воени злосторста во Хаг

Американскиот потпретседател Џо Бајден се заблагодари на Хрватска за придонесот во Авганистан во рамки на НАТО.

Бајден вторникот се сретна со хрватската премиерка Јадранка Косор во Вашингтон, нешто повеќе од една година откако Хрватска стана членка на НАТО.

Белата куќа соопшти дека Бајден изразил силна американска поддршка за евентуалното членство на Хрватска во ЕУ. Тој оддал признание на хрватските напори за поголема стабилност во Југоисточна Европа, како и за мирољубивото решение во долгогодишниот пограничен спор со Словенија.

Бајден ја поздравил соработката на Хрватска со Судот за воени злосторста во Хаг, како и напорите на владата во Загреб во борбата против корупцијата и спроведувањето на виталните економски реформи.

XS
SM
MD
LG