Линкови за пристапност

Студија: Техника за спасување по срцев удар


Студија: Техника за спасување по срцев удар
Студија: Техника за спасување по срцев удар

Студијата ја истакнува потребата од поедноставување на овој процес.

Во рамки на нова студија, на лица што се јавуваат во службата за итна помош по симптоми за срцев напад, по случаен избор им било кажувано или да направат целосно кардиопулмонарно спасување со компресија на градите и вештачко дишење или само компресија на гради.

Тоа не биле професионалци, туку обични луѓе без соодветна обука. Вработените во службата за итна помош процедурата им ја кажувале преку телефон.

Зачудувачки, по споредување на податоците за преживување на пациенти откако биле отпуштени од болница, статистички, немало разлика дали при укажувањето на прва помош при срцев напад, било вклучено и вештачкото дишење. Креатор на студијата е Томас Реј од Универзитетот Вашингтон.

„Набљудувавме група пациенти кои добиле само компресија на гради при срцев напад и нивото на преживување на овие пациенти откако ќе бидат отпуштени од болница е 12 проценти. Нивото на преживување на групата која освен компресија на гради добила и вештачко дишење било 11 проценти. Заклучокот е дека само компресијата на гради е исто толку корисна, како и комбинацијата со вештачко дишење“, изјави Реј.

Компресијата на гради се прави за да циркулира крв во срцето при што се пренесува кислород, додека при дишење човекот се снабдува со кислород. Сепак, Реј вели дека иако срцето престанало да работи црвените крвни клетки и натаму содржат залихи на кислород.

Друг фактор е што многумина кои инаку би пружиле кардиопулмонарно спасување, се наоѓаат во ситуации кога не сакаат својата уста да ја допрат до друга. Затоа, вели Реј, студијата ја истакнува потребата од поедноставување на овој процес и треба да се фокусираме само на компресијата на гради, бидејќи таа може да спаси човечки живот, смета тој. Притоа, порачува овој експерт, нема да го повредите пациентот, може само да му помогнете.

Студијата за кардиопулмонарно спасување на Томас Реј и неговиот тим е објавена во Журналот за медицина на Нова Англија.

XS
SM
MD
LG