Линкови за пристапност

Извештај: Зголемена корупција во арапскиот свет пред организираните востанија


Извештај: Зголемена корупција во арапскиот свет пред организираните востанија
Извештај: Зголемена корупција во арапскиот свет пред организираните востанија

Групата „Глобален интегритет“ вели дека имало забележливо паѓање во корупција во целиот свет

Нов извештај на меѓународната непрофитна организација „Глобален интегритет“ покажува дека корупцијата во Египет и насекаде во арапскиот свет се зголемила воочи неодамнешните востанија во регионот.

Во денеска објавената проценка на групата, се наведува дека анти-корупциските и транспарентни мерки во Египет од 2006-та се намалувале и ставале зголемен притисок врз и онаканестабиланата влада во земјата.

Во извештајот стои дека Мароко, Јемен и Западниот брег искусиле слични предизвици, со ограничувања за независните медиуми, принудувајќи обелоденување на имотите на политичките лидери и ефикасен увид во работата на владините агенции и програми.

Извршниот директор на Глобален интегритет Натаниел Хелер истакна дека со ретки исклучоци Средниот Исток и Северна Африка се, како што ги нарече, „црни дупки“, кога станува збор за солидно владеење.

Во извештајот исто така се вели дека многу земји во источна и централна Европа постојано имале тешкотии во остварувањето на анти-корупциска и политика на транспарентност и покрај нивното членство во ЕУ и НАТО.

XS
SM
MD
LG