Линкови за пристапност

Засилени безбедносни мерки додека Коптите го слават Божиќ


Засилени безбедносни мерки додека Коптите го слават Божиќ
Засилени безбедносни мерки додека Коптите го слават Божиќ

Безбедносните претставници велат дека најмалку 70.000 полицајци биле распоредени на клучни локации додека Коптите се собирале за редовната божиќна миса

Воведено е високо ниво на безбедност додека Коптите – христијани го слават Божиќ, особено заради бомбашкиот напад врз коптска црква во Александрија при што загинаа 23 лица.

Египетските власти соопштија дека блендирани возила ќе бидат стационирани пред коптските цркви и дека ќе биде забрането паркирање на возила пред нив.

Безбедносните претставници велат дека најмалку 70.000 полицајци биле распоредени на клучни локаици додека Коптите се собирале за редовната божиќна миса.

Во меѓувреме, муслиманите присуствувале на служби во неколку цркви во Каиро во знак на солидарност.

Во четвртокот, полицијата објави скица на осомничениот бомбаш-самоубиец од нападот на 1-ви јануари. Засега никој не презеде одговорноста за инцидентот, но властите се сомневаат дека се работи за Ал-Каида.

Нападот предизвика немири и жалби за дискриминација на христијаните. Минатата година, вооружен напаѓач усмрти шестмина коптски верници во Каиро.

XS
SM
MD
LG