Линкови за пристапност

Жените го освојуваат градежништвото


Жените го освојуваат градежништвото
Жените го освојуваат градежништвото

Деветнеделниот курс вклучува електричарство, поставување на подови, плочки и водоводџиство.

Иако жените и натаму се се` поприсутни во многу професии каде некогаш доминирале мажи, од право, медицина, па се` до тешка физичка работа, како во полиција или армија, градежништвото се` уште се смета за „машка“ област. Непрофитна организација во околината на Вашингтон започна да обучува жени со ниски примања токму за неа, за да им ја зголеми самодовербата и за да најдат подобро платено работно место.

Џеклин Агилера е фризерка. Но наместо ножици, таа секоја сабота работи со електричен шрафцигер. Учи како да постави врата.

“На почетокот беше тешко. Имавме обука од еден ден. Ја поправивме вратата. Веќе следната недела имавме тест како да ја поставиме“, раскажува Агилера Мерцедес Родригез емигрирала од Перу, а во моментов чисти куќи. Објаснува зошто сака да се обучи за, како што вели, „работата за мажи“:

„Затоа што дава повеќе пари. Во моментов има мала побарувачка за чистење на станови и канцеларии“.

„Каса де Мериленд“ е непрофитна организација што обезбедува ваква обука и нуди програми за вработување во околината на Вашингтон. Тона Кравиото, виш управник, наведува дека целта е жените да се обучат за повисоко платени работни места во градежништвото.

„За чистење се плаќаат осум долари на час, наспроти минимум од 13 долари за работа во градежништвото“, вели Кравиото.

Деветнеделниот курс вклучува електричарство, поставување на подови, плочки и водоводџиство. Инструкторите велат дека жените се пријавуваат и од друга причина освен финансиската – за зголемување на самодовербата.

XS
SM
MD
LG