Линкови за пристапност

Започна со работа новиот состав на Конгресот


Започна со работа новиот состав на Конгресот
Започна со работа новиот состав на Конгресот

Демократите во Претставничкиот дом, кои го загубија мнозинството на конгресните избори во ноември, го критикуваат планот на републиканците

Денес започна со работа 112-от состав на Конгресот каде контролата во Претставничкиот дом ја имаат републиканците. Тие најавуваат обид за укинување на законот за реформи во здравственот систем што го иницираше претседателот Барак Обама.

Републиканецот Џон Бонер, новиот претседател на Претставничкиот дом, кој доаѓа на местото демократката Ненси Пелоси, вели дека мерката е скапа и значи елиминирање на работни места.

Гласање за нејзино евентуално укинување се очекува уште наредната недела, но се предвидува дека нема да успее бидејќи треба да мине и во Сенатот, каде мнозинство се демократите. Дури и да мине во Сенатот, таквата евентуална мерка би требало да добие одобрување од претседателот Обама за да стане закон..

Факт е дека Претставничкиот дом, сам по себе, не може да го елиминира овој закон, но може да поттикне скратувања на трошоците што би ја „изгладнеле“ оваа и други владини програми.

Демократите во Претставничкиот дом, кои го загубија мнозинството на конгресните избори во ноември, го критикуваат планот на републиканците.

Деби Васермен Шултц, конгресменка од Флорида, изјави дека планот за укинување на законот за реформи во системот за здравство ќе им наштети на милиони Американци, а ќе го доведе во опасност и кревкото опоравување на економијата во земјата. Таа коментираше дека с еработи за „републиканска хипокризија“.

Досегашната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси истакна дека креирањето на работни места ќе биде еден од приоритетите на демократите во новиот состав на Конгресот, напоредно со намалување на дефицитот и зајакнување на средната класа.

Како дополнение на обидот за укинување на мерката за реформи во здравството, републиканците ветија и скратување на федералните трошоци и намалување на големината на владата. Конгресменот-републиканец од Јужна Краолина Тим Скот кажа дека гласачите „сакаат Конгрес што го слуша народот. Преку глава им е од трошење, и сакаат крај на „Обама-здравствена заштита“.

XS
SM
MD
LG