Линкови за пристапност

Генералот Дејвид Петреус на распит во Конгресот


Генералот Дејвид Петреус на распит во Конгресот
Генералот Дејвид Петреус на распит во Конгресот

Доколку биде потврден на функцијата, Петреус се соочува со бројни предизвици во Авганистан. Насилството во оваа земја е најинтензивно досега, а слабата авганистанска влада ја гуши корупција.

Американскиот генерал Дејвид Петреус во вторник е на распит во Конгресот каде се очекува да биде потврден на функцијата Командант на американските и сили на НАТО во Авганистан.

Петреус треба да го замени генералот Стенли Мекристал, кој минатата недела поднесе оставка по наводната критика што тој и неговите помошници ја упатиле кон администрацијата на Обама, а објавени во магазинот Ролинг стоун. Мекристал соопшти дека планира да замине во пензија.

Петреус, кој беше на чело на Американската централна команда се смета дека многу помогнал за успех на воените напори во Ирак и за имплементирање на стратегијата против бунтовниците, што пак ја постави основата за актуелните напори во Авганистан.

Доколку биде потврден на функцијата, Петреус се соочува со бројни предизвици во Авганистан. Насилството во оваа земја е најинтензивно досега, а слабата авганистанска влада ја гуши корупција.

XS
SM
MD
LG