Линкови за пристапност

Меѓународната конференција за СИДА-та со фокус на човековите права


Aктивистите за борба против СИДА-та се надеваат дека со фокусот на човековите права, на многумина ќе им се обезбеди соодветен третман, а со подобрен пристап, болеста ќе биде поефикасно сузбиена.

Во многу земји болните од СИДА се избегнуваат, бидејќи на болеста се гледа низ призма на моралноста и религијата.

За ситуацијата да биде уште потешка, многумина со вирусот ХИВ, се болни и од туберкулоза.

„Од сите пациенти болни од туберколоза, меѓу 80 и 90 проценти се заразени од ХИВ“, вели д-р Хелен Бајгрев, која работи во клиника во Лесото и е активна во организацијата Лекари без граници:.

Дури и во исламските земји, иако бројот на лица заразени од ХИВ е мал, тој сепак е во пораст, се наведува во нов извештај на ОН.

Конференцијата во Виена ќе се фокусира на правата на луѓето болни од ХИВ и СИДА.

Пред да замине на конференцијата, д-р Ерик Госби, глобален координатор за СИДА во САД, за Гласот на Америка изјави дека треба да се промени однесувањето на луѓето со ризичен начин на живот, за да се сузбие болеста.

„Овие поединци континуирано не се подготвени да се пријават во здравствени институции, бараат лекарска помош предоцна, во поодмината фаза на ХИВ, обично кога заболуваат и од друга болест, како туберколозата“, вели Госби.

Експертите за СИДА велат дека како дополнение на предрасудите и дискриминацијата, културните норми се главните пречки за сузбување на ХИВ и СИДА-та.

Пејачката и активистка Ени Ленокс претходно годинава проговори на ова тема, во време кога ОН претставија план за вртење на вниманието на половата нееднаквост и злоупотреба на човековите права, со што жените и девојките се изложени на поголем ризик од ХИВ.

„Жените во репродуктивната фаза од животот се изложени на најголем ризик за ширење на ХИВ и СИДА. Фокусот треба да биде насочен токму на нив“, вели Ленокс.

Д-р Антони Фаучи од Националниот институт за здравство, вели дека давањето на права на жените во регионот на Африка под Сахара е клучно за забавување на темпото на ширење на ХИВи СИДА-та.

„Жените во многу од овие земји немаат права да се заштитат себеси од инфекцијата“, изјави тој.

2010 е рокот поставен од глобалните лидери да постигнат универзален пристап за превенција од ХИВ, третман и грижа.

Овие цели нема да бидат остварени, но активистите за борба против СИДА-та се надеваат дека со фокусот на човековите права, на многумина ќе им се обезбеди соодветен третман, а со подобрен пристап, болеста ќе биде поефикасно сузбиена.

XS
SM
MD
LG