Линкови за пристапност

Иселениците од јужна Флорида против промена на уставното име


Иселениците од јужна Флорида против промена на уставното име
Иселениците од јужна Флорида против промена на уставното име

Нема политичка атмосфера да се реши спорот за името ниту до самитот на НАТО во ноември. Вака размислуваат иселениците во јужна Флорида.

Нема политичка атмосфера да се реши спорот за името ниту до самитот на НАТО во ноември. Вака размислуваат иселениците во јужна Флорида.

Ламбро Димитров, со 60-годишно искуство во САД, смета дека грчкото лоби е многу повлијателно од македонското.

„Кога Обама ја почна кампањата за претседател беше поканет во Чикаго од голем број влијателни Американци од грчко потекло кои донираа по илјадници долари по човек за вечера со него; така се прават работите; другиот кандидат, Џон Мекејн, беше примен од грчкиот епископ во Њујорк уште пред да ја почне кампањата за претседател“, вели Димитров.

За медицинската сестра Лена Гоговска од Вест Палм Бич не е можен компромис, и тоа од единствена причина.

„Македонија е една. Таква и да си остане“, вели Гоговска.

Патриша Димитров, родена во САД откако семејството се преселило во Флорида, има поумерен став.

„Мислам дека треба да се унапреди соработката меѓу луѓето од двете страни на границата. Мислам дека има премногу аргументи кои се апсолутно непотребни“, смета Патриша.

За потпретседателот на црковната општина и сопственик на бензиска пумпа Драган Пациновски, нема причина Македонија да отстапи од уставното име, дури и по цена да остане надвор од евроатланските интеграции.

„Ние треба да се изјасниме пред ЕУ и другите, да не бидат и едните и другите во заблуда. Ние, едноставно не го менуваме името и зошто да преговараме тогаш? Зошто се преговорите ако нашата влада стои на тоа дека нема да го менува името?, прашува Пациновски.

XS
SM
MD
LG