Линкови за пристапност

Вселенско летало на НАСА пресретна „снежна бура“ во близина на комета


Вселенско летало на НАСА пресретна „снежна бура“ во близина на комета
Вселенско летало на НАСА пресретна „снежна бура“ во близина на комета

Според НАСА, проучувањето на кометите е важно бидејќи астрономите сметаат оти тие се дел од група на гас, мраз, карпи и прашина што ги формирале планетите од нашиот сончев систем пред околу 4,5 милијарди години.

Фотографии од кометата Хартли 2 направени месецов покажуваат космички услови слични оние што се доживуваат во зима во град - со снег и мраз.

Научникот Пит Шулц фотографиите на мисијата на НАСА „ЕПОКСИ“ ги нарече импозантни.

„Личи на снежен глобус, како играчката што ја протресуваме и гледаме како снежи“, вели тој.

На фотографиите што научниците ги прикажаа на неодамнешната прес-конференција на НАСА беа покажани - во отсуство на попрецизен термин - снежни топки со големина од 3 до 30 сантиметри.

На фотографиите со висока резолуција и направени одблизу биле видливи бели дамки осветлени од сонцето наспроти темна позадина, додека облак од честички кружи околу кометата. Експертите појаснија дека честичките не се ѕвезди, туку парчиња мраз.

Фотографиите прикажале своевидна космичка снежна бура креирана од млазеви јаглерод диоксид кои прскале парчиња мраз што практично излагале од краевите на кометата чија форма била во вид на кикиритка. Во меѓувреме, мразот под површината испарувал во сувата, мазна средина на кометата. Научниците велат дека јаглерод диоксидот се чини дека е клучниот елемент за разбирање на процесот на исчезнување на водата од внатрешноста на Харли 2.

Кометата била близу до вселенското летало на НАСА „Дип импакт“, така што научниците добиле најдобар широк поглед на една комета досега. Леталото употребило најсовремени телескопи со дигитални камери и спектрометар за да добијат детална информации, минувајќи покрај смрзнатата и прашлива комета.

Досега се добиени околу 32.000 фотографии од Харли 2 но тие се` уште пристигнуваат. Научниците велат дека до завршувањето на мисијата наредната недела планирано е да се направат околу 120.000 фотографии.

Според НАСА, проучувањето на кометите е важно бидејќи астрономите сметаат оти тие се дел од група на гас, мраз, карпи и прашина што ги формирале планетите од нашиот сончев систем пред околу 4,5 милијарди години. Некои научници дури велат дека кометите оригинално содржеле одредена количина на вода и органски елементи што го сочинуваат животот на Земјата.

XS
SM
MD
LG