Во најновата студија на Државниот универзитет Апалачи во Северна Каролина за врската меѓу честите аеробик-вежби и настинките биле опфатени околу 1.000 лица кои воделе белешки за нивната секојдневна физичка активност.
Раководителот на истражувањето Дејвид Ниман вели дека доколку се практикува 20 минути и повеќе, секојдневното аеробик-вежбање е доволно за забрзување на работата на срцето и да предизвика потење.
„Луѓето кои ја практикуваат ваква рутина пет дена во неделата, во период од 12 недели, се со 40% помали шанси да се разболат.
Нилман наведува дека, разбирливо, ова важи само доколку се контролираат и другите факори како исхраната, телесната тежина, образованието и полот.
Според студијата, пет аеробик-сесии од околу 20 минути навидум даваат најдобри резултати. Оние кои не вежбале толку често имале поголеми шанси да настинат.
Ниман објаснува што се случува кога телото се раздвижува – одредени бели крвни зрнца се раздвижуваат по крвотокот во потрага по натрапници од типот на вирусите што можат да причинат настинки и други респираторни инфекции.
„Повеќето имунолози ова го интерпретираат како подобрен имунолошки надзор или способност на имунолошкиот систем да ги открие, а потоа да справи со патогенските елементи и да ги уништи“, вели Ниман.
Обичната сезонска настинка е една од најчестите болести во многу делови од светот. Според една студија, економскиот товар од неа, само во САД, е проценет на 40 милијарди долари.
Истражувањето на Дејвид Ниман е објавено во Британскиот журнал за спортска медицина.