Линкови за пристапност

Клинтон врши притисок за разговори меѓу Србија и Косово


Клинтон врши притисок за разговори меѓу Србија и Косово
Клинтон врши притисок за разговори меѓу Србија и Косово

Косово, кое унилатерално прогласи независност од Србија во 2008-та година, досега го признаа 70 држави.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон вели дека САД ќе работат на помирување на ставовите на Србија и Косово по прашањето за косовската независност.

За време на посетата на Приштина во средата, Клинтон рече дека треба да започне и да биде завршен дијалог меѓу двете страни - што е можно поскоро.

Косово, кое унилатерално прогласи независност од Србија во 2008-та година, досега го признаа 70 држави.

Клинтон кажа дека независноста на Косово не е повеќе прашање за преговори како и дека Вашингтон веќе има листа на дополнителни земји кои ги контактира за да ја признат најновата земја на светот.

Косово пружи срдечен пречек на американската државна секретарка Хилари Клинтон, на крајот на тридневната турнеја на етнички поделениот Балкан.

Илјадници етнички Албанци мавтајќи со знамиња ја дочекаа Клинтон во Приштина, наредени долж патот на колоната возила што мина и по Булеварот Бил Клинтон, именуван според нејзиниот сопруг и поранешен претседател. Таа се сретна со премиерот Хашим Тачи, а потоа посети и енклава на малцинските Срби во Грачаница.

Клинтон врши притисок врз лидерите и во Белград, и во Приштина, да ги подобрат билатералните односи и да остварат напредок во разговорите со посредство на ЕУ за практични прашања што с е однесуваат на регионот.

Вторникот во Белград Клинтон му порача на српскиот претседател Борис Тадиќ дека отворањето на дијалог со Косово ќе има позитивно влијание на српските врски со владите на западните земји. Тадиќ, пак, рече дека е подготвен за разговори за намалување на напнатоста, но дека нема да го признае Косово како независно.

XS
SM
MD
LG