Линкови за пристапност

Клинтон: Санкциите ги отежнуваат нуклеарните напори на Иран


Клинтон: Санкциите ги отежнуваат нуклеарните напори на Иран
Клинтон: Санкциите ги отежнуваат нуклеарните напори на Иран

Американската државна секретарка бара арапска поддршка за новата ирачка влада и поостри санкции против Иран за неговите нуклеарни активности

Американската државна секретарка Хилари Клинтон вели дека меѓународните санкции го „отежнале“ процесот за Иран да ги исполни своите нуклеарни амбиции.

Во обраќање пред студенти на универзитет во Абу Даби, Клинтон истакна дека санкциите функционираат и дека технолошките проблеми „ја забавиле“ иранската програма.

САД и многу други западни држави велат дека Иран се обидува да произведе нуклеарно оружје. Иран тврди дека неговите нуклеарни активности се за мирнодопски цели.

Клинтон се очекува во понеделник да се сретне со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, како и со претставници од Абу Даби и Дубаи.

Американската државна секретарка се наоѓа на тридневна турнеја по земји од Персискиот Залив барајќи арапска поддршка за новата ирачка влада и поостри санкции против Иран за неговите нуклеарни активности. Клинтон притоа ќе ги посети и Оман и Катар.

Хилари Клинтон во неделата подвлече дека Иран „и натаму претставува сериозен проблем“, без оглед на тоа кога ќе биде во можност да произведе нуклеарно оружје. Таа ги повика земјите од регионот со деловни врски со Иран „да сторат се` во рамки на разумот“ за да помогнат во имплементирање на санкциите против Иран.

XS
SM
MD
LG