Линкови за пристапност

САД ветуваат поддршка за Мексико во војната против дрога


САД ветуваат поддршка за Мексико во војната против дрога
САД ветуваат поддршка за Мексико во војната против дрога

Клинтон во вторникот предводеше висока делегација во Мексико на разговори во рамки на Иницијативата Мерида, повеќегодишно партнерство со фонд во висина од 1,4 милијарди долари.

Државната секретарка Хилари Клинтон вети натамошно американско ангажирање за помош на Мексико во борбата против картелите со дрога, признавајќи дека американската побарувачка за илегалната дрога придонесува за проблемот.

Клинтон во вторникот предводеше висока делегација во Мексико на разговори во рамки на Иницијативата Мерида, повеќегодишно партнерство со фонд во висина од 1,4 милијарди долари, чија цел е обезбедување на помош на Мексико во борбата против картелите. Во делегацијата беа и секретарот за одбрана Роберт Гејтс, секретарот за домашна безбедност Џенет Наполитано и началникот на здружениот американски генералштаб, адмиралот Мајкл Мулен.

Клинтон истакна дека нема дилема оти картелите се проблем за американската, исто како што се за мексиканската влада. Таа додаде дека е потребно зајакнување на институциите и изградба на стабилни, отпорни заедници за справувањето со ова прашање.

Откако претседателот Фелипе Калдерон ја презеде функцијата во 2006-та и ја започна борбата против картелите, во насилство поврзано со дрога во Мексико загинаа преку 15.000 лица. Пред да се врати дома Клинтон се сретна и со Калдерон.

XS
SM
MD
LG