Линкови за пристапност

Клинтон побара поголема улога на ОБСЕ во Авганистан


Клинтон побара поголема улога на ОБСЕ во Авганистан
Клинтон побара поголема улога на ОБСЕ во Авганистан

Клинтон рече и дека одредени земји придонеле во обезбедувањето и изградбата на Авганистан, но дека ОБСЕ треба да игра улога во подобрување на пограничната безбедност и борбата против трговијата со дрога

Американската државна секретарка Хилари Клинтон смета дека Организацијата за безбедност и соработка во Европа треба да игра поголема улога во Авганистан и да ги промовира човековите права ширум регионот.

На почетокот на дводневниот самит на ОБСЕ во Казакстан, Клинтон рече дека нестабилноста, каде и да е во Централна Азија, е предизвик за сите членки и дека долгогодишните судири и натаму се „опасно нерешени“.

На првиот самит на организацијата во Астана во последните 11 години учествуваат преку 60 државници од цел свет.

Клинтон рече и дека одредени земји придонеле во обезбедувањето и изградбата на Авганистан, но дека ОБСЕ треба да игра улога во подобрување на пограничната безбедност и борбата против трговијата со дрога.

XS
SM
MD
LG