Линкови за пристапност

САД: Русија не го почитува прекинот на огнот со Грузија


САД: Русија не го почитува прекинот на огнот со Грузија
САД: Русија не го почитува прекинот на огнот со Грузија

Американската државна секретарка Хилари Клинтон за време на посетата на Грузија се очекува да разговара за проблемите поврзани со оваа војна, во рамки на, како што велат од Стејт департментот, важната турнеја во Кавкаскиот регион и Централна Европа.

Американскиот државен потсекретар Филип Гордон изрази незадоволство што Русија нецелосно го почитува прекинот на огнот со кој беше ставен крај на војната со Грузија во 2008-та.

Гордон истакна дека Русија се` уште не ги повлекла своите трупи на локациите каде биле стационирани пред да избијат борбите.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон за време на посетата на Грузија се очекува да разговара за проблемите поврзани со оваа војна, во рамки на, како што велат од Стејт департментот, важната турнеја во Кавкаскиот регион и Централна Европа.

Потсекретарот Гордон додаде дека Клинтон ќе изврши и притисок врз претставници во Ерменија и Азербејџан да се придржуваат на договорите за ставање крај на нивниот долг и на повеќепати крвав спор околу Нагорно-Карабах, енклава на етничките Ерменци во рамки на Азербејџан која се бори за независност.

XS
SM
MD
LG