Линкови за пристапност

Бил Клинтон бара поефикасно користење на донациите против СИДА-та


Бил Клинтон бара поефикасно користење на донациите против СИДА-та
Бил Клинтон бара поефикасно користење на донациите против СИДА-та

Клинтон смета дека во иднина треба да се собираат пари за борба против СИДА-та преку голем број на мали донации.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон ги повика хуманитарните организации проив СИДА-та помудро и поефикасно да ги користат донациите од богатите земји.

Клинтон во обраќањето на меѓународната конференција за СИДА-та што се одржува во Виена кажа дека голем број организации трошат премногу со тоа што праќаат вработени на состаноци и други функции. Секој непотребно потрошен долар на тој начин става по еден живот во ризик, рече Клинтон.

Клинтон смета дека во иднина треба да се собираат пари за борба против СИДА-та преку голем број на мали донации, наведувајќи ги во тој контекст фондовите собрани на таков начин за жртвите на земјотресот на Хаити во јануари.

Поранешниот американски лидер ги бранеше и напорите на претседателот Барак Обама да ја финансира борбата против СИДА-та, во време кога растат критиките дека тој скршнал од ветувањето дека ќе ја зголеми поддршката.

XS
SM
MD
LG