Линкови за пристапност

Клинтон: Светот сака отворена дискусија со Иран


Клинтон: Светот сака отворена дискусија со Иран
Клинтон: Светот сака отворена дискусија со Иран

Клинтон изјави дека иранските нуклеарни амбиции претставуваат грижа за сите земји, особено оние од регионот на Блискиот Исток.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон го повикува Иран на „сериозен ангажман“ со меѓународната заедница околу неговата нуклеарна програма.

Клинтон ова го изјави денеска во главниот град на Бахраин, Манама, каде учествува на годишниот форум за безбедност.

Наредната недела во Женева Иран се очекува да ги продолжи разговорите со САД, Кина, Русија, Британија, Франција и Германија околу неговата нуклеарна програма. Техеран ги порекнува обвинувањата дека ја користи програмата за изработка на нуклеарно оружје.

Клинтон изјави дека иранските нуклеарни амбиции претставуваат грижа за сите земји, особено оние од регионот на Блискиот Исток.

XS
SM
MD
LG