Линкови за пристапност

САД и Австралија ќе ја зајакнат воената соработка


САД и Австралија ќе ја зајакнат воената соработка
САД и Австралија ќе ја зајакнат воената соработка

САД и Австралија се согласија да формираат работна група за изнаоѓање различни опции за поблиска воена соработка

Клучни американски претставници ја подвлекоа определбата Вашингтон да остане пацифичка сила, еден ден по разговорите со австралиските колеги.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека САД се „и пацифичка, и атлантска сила“. Таа со секретарот за одбрана Роберт Гејтс во понеделникот се сретна со австралискиот министер за надворешни работи Кевин Руд и министерот за одбрана Стивен Смит.

САД и Австралија се согласија да формираат работна група за изнаоѓање на различни опции за поблиска воена соработка, по можност заеднички воени вежби и користење на австралиските пристаништа, аеродроми и воени бази од страна на американските сили.

Гејтс истакна е дека прерано да се шпекулира за детали, но дека целта е „зголемено присуство на САД во Азија“.

XS
SM
MD
LG